Актерот Лазар Ристовски (73) се ожени со 39 години помладата Аница

76

Големо „да“ по три години љубов, актерот се ожени со 39 години помлада партнерка и среќно запловија во брачните води.

Лазар Ристовски и Аница Лазиќ го кажаа своето судбоносно „да“. Познатиот актер и неговата 39 години помлада девојка ја споделија среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи со емотивни фотографии и со едноставна порака: „Тукушто венчани“.

На фотографијата, насмеаните младенци зрачат од среќа, додека Лазар нежно ја бакнува Аница на челото.

Нивната љубовна приказна започна во 2023 година, а од самиот почеток привлече големо внимание во јавноста поради големата разлика во годините.

Лазар и Аница ја започнаа својата врска кратко откако тој се разведе од својата сопруга Даница, со која беше во брак 42 години, наведувајќи го како причина недостатокот на емоции. Тој глумеше со Аница во сериите „Дрим тим“ и „Попадија“, а нивната врска ја потврди и за српските медиуми.

„Вистина е, уживаме во љубовта. Не би коментирал ништо повеќе, разбирам. Се запознавме долго по разводот, таа нема никаква врска со мојот претходен брак и развод“, изјави Ристовски за српски „Телеграф“.

Аница претходно изјави дека бракот како „хартија“ не ѝ е важен и дека најважни работи се љубовта, согласноста, грижата и меѓусебното почитување. Сепак, двојката сега официјално ја круниса својата врска со брак.