Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 километри на час. Од вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















