Општина Аеродром покажа дека нема толеранција, казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад.
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот.
За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност!
-Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територија на општината.
Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции, велат од општината.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)























