Грчката Влада внимателно следи што се случува во соседната земја и ги поддржува напорите за целиот процес да оди напред, затоа што ќе биде штета ако се загуби оваа шанса, вели министерот без ресор на Грција и портпарол на Владата, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Сто кокино“.
– Постојат политички опции што може да ги направи господинот Заев, кои би одвеле до уставна ревизија. Но, јас во овој момент не сакам да ги коментирам внатрешно-политичките случувања. Постои силна политичка сила во соседната земја што се обврзува да направи напори со секое средство што го има на располагање за исполнување на суштинските предуслови, односно ревизија на Уставот и ние тоа и го поздравуваме и го пофалуваме. Тесно го следиме и го поддржуваме овој голем напор за целиот овој процес да оди напред и да не се загуби една голема шанса, една ваква голема шанса, бидејќи ќе биде навистина штета, рече портпаролот на грчката Влада.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос неколкупати повтори дека не сака да ги коментира внатрешно-политичките случувања кај нас и објасни дека „Заев изјавил дека нема да се откаже од обидите, Договорот од Преспа да стапи во сила“.
– Она што останува да го видиме е временскиот период за исполнување на суштинските предуслови, односно ревизија на Уставот што е централниот услов за и грчката страна да продолжи кон ратификација на договорот и да стапи во сила, рече Ѕанакопулос.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

