Министерството за надворешни работи информира дека до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.
-Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира МНР.
Амбасадата на Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.
Словенечката полиција претхопдно соопшти дека на улица во Љубљана во петокот бил пронајден мртов човек, кој по анализите и истрагата, е идентификуван како маж од Македонија.
– Пронајденото безживотно тело, кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија – потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана Шпела Шкопорц.
Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.
– Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди – најави портпаролката.













![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)

















![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-100x70.jpg)

