Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за Македонија од 30% на 15% денеска изјави дека пеговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од месец август откако ќе завршат летните распусти, при што очекува намалување на истите под 15%.
-Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор бидејќи тој кажа до 1 ви агуст ќе ги објави новите царински, односно не се ни царини ова се трговски маржи така да ги наречам. Ние сме од 33% сме намалени на 15% , преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите и од она кое што го очекувам уште да одиме подоле, изјави премиерот Мицкоски кој што беше во посета на на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.




![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)














![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-100x70.jpg)


