Македонија се соочува со пад на наталитетот. Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе предложи сет мерки за справување со демографските предизвици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека една од најважните е воведувањето на 6 бесплатни ин витро обиди, финансирани од Фондот за здравствено осигурување.
-Оваа мерка е директна поддршка за сите семејства кои се соочуваат со потешкотии во патот до родителството. Затоа што здравството служи на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се слуша секој глас, и на здруженија, медицински установи, родители, експерти. Здружението „До бебе по пат на ин витро“ одигра значајна улога, со идеи, истражувања и статистики кои помогнаа оваа мерка да биде реалност. Ова е пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението.
Оттаму додаваат дека ова покажува дека Владата има слух за граѓаните, за праведно и функционално општество.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


