На скопскиот аеродром се следат јасни и прецизни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, истакна премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кога одбила безбедносна проверка, а се вмешало обезбдувањето на собранискиот спикер Африм Гаши, кое им се заканувало на вработените.
Мицкоски, по средбата со косовскиот колега Аљбин Курти, рече дека како македонски премиер и тој е подложен на вакви процедури, но и сите официјални лица. Премиерот рече дека целата ситуација предизвикала чувство за кое жалиме и не сакаме да се повтори.
Мицкоски рече дека Османи е добредојдена во земјата и лично следниот пат ќе ја пречека на аеродромот и ќе ја придружува за да се избегнат инциденти, особено, како што рече, од поединци, кои се наш домашен проблем.
Македонскот премиер истакна и дека добрососедските односи се двонасочна улица оценувајќи дека дипломатските односи со Косово не се нарушени.
Османи и во минатото правела инциденти кога при патување со комерцијален лет одбивала да ги предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер, а нејзиното обезбедување се расправало со вработените.
Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















