Модниот стилист и критичар Сергеј Варошлија поради обидот за насилство на неколку лица кои влегле во телевизијата каде тој има своја емисија, вчеравечер во знак на револт, емисијата „Мода“ не се емитуваше.
Во текот на вчерашниот ден откако порталите ја пренесоа веста за тоа дека неколку лица на околу 25 годишна возраст се однесувале насилно и го барале Варошлија, се огласи и негвовата пријателка, ТВ водителката Лила Филиповска.
Таа на својот инстаграм сподели еден од насловите за обидот за напад врз Сергеј и напиша:
-Срамно и жално…да не е трагично би било смешно! Го кажа своето Лила.
Телевизија „1Тв“ извести дека во нивниот медиум се случил насилен упад, при што напаѓаџите го барале Сергеј Варошлија.
Насилен упад се случи вчеравечер во просториите на телевизијата. Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија.
Првично се претставија како негови роднини, но нашите вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително беше и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега.
Очигледни беа нивните насилни намери, поради што нашите вработените побараа помош, а лицата кои упаднаа избегаа од телевизијата. 1ТВ изутрина ќе го пријави случајот во полиција, бидејќи сметаме дека станува збор за планиран напад, кој можел да има сериозни последици. Се надеваме дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.