Членовите на кралското семејство секогаш се во центарот на вниманието, па мораат да изгледаат беспрекорно каде и да се појават. Ова особено важи за жените.
Покрај бројните правила и протоколи за облекување што мораат да ги следат сите од семејството, овие жени имаат и неколку интересни трикови кои им помагаат во оваа цел.
Во примерите е и Меган Маркл со стајлинзи од времето кога имаше кралска улога.
Во продолжение погледнете дел од нив:
Ниска пунџа во текот на денот, приодни бранови навечер
Можеби сте забележале дека во текот на денот, Меган најчесто се појавува со ниска пунџа. Оваа фризура е едноставна за правење, оди добро со шапки и не го одвлекува вниманието од модната комбинација.
Уште подобро е што пунџата лесно се трансформира во фризура со „бранови“, која е одлична за навечер.
Мрежа за коса
Кејт Мидлтон, пак, сака посредени фризури, а во ова ѝ помага мрежата за коса. Таа секогаш носи речиси невидливи мрежи, кои не го расипуваат изгледот на фризурата, но дефинитивно прават да трае подолго.
Боди наместо блуза
Бодито е многу поедноставна опција од блуза, бидејќи не се тутка лесно и е практично. Истовремено, бодито нема да излезе од панталоните или здолништето како кошула или блуза.
Хулахопки со гумички
Според кралскиот протокол, жените од кралското семејство не смеат да излезат со голи нозе, па веројатно сте забележале дека сите носат хулахопки. За да го спречат лизгањето на чевлите, пак, тие одбираат хулахопки со гумички на стапалата.
Средување на фризурата со четка за заби
Еднаш Меган Маркл откри дека ги средува непослушните влакна со четка за заби. Откако ќе ја собере косата, таа става лак за коса на четка за заби, и со неа ги средува разлетаните влакна.
Според Меган, ова е најдобриот трик за средена пунџа.
Трик за ветровито време
Секоја жена знае дека потребно е многу малку ветер за да ви се крене здолништето. Жените од кралското семејство не смеат да си дозволат ваков пропуст, па нашле одлично решение за проблемот – на здолништето, тие ставаат тегови за завеси. Наводно, дури и кралица често го употребувала овој трик.
Долна облека што предизвикува електрицитет
Ова е уште еден трик со кој се спречува кревањето на здолништето. Долната облека која предизвикува електрицитет ќе ја „залепи“ другата облека за телото, со што се намалува можноста за незгоди.
Поголеми чевли
Меган Маркл секогаш носи чевли кои се еден или два броја поголеми. На овој начин се намалува неудобноста, но и можноста за појава на пликови. А, за да не ѝ се лизгаат стапалата, таа во чевлите става ортопедски влошки.
Имено, Меган го научила овој трик додека беше актерка, а го користат многу славни жени кои мораат со часови да носат штикли.