7 СИТНИЦИ НА КОИ ЈА ГУБИШ ДЕВОЈКАТА ЗАСЕКОГАШ

129

Мажите и жените се комплицирани на многу различни нивоа. Тоа што него не го интересира, може да ја држи неа будна секоја вечер, а тоа што таа не го зема во обзир, нему можеби му пречи, и така натаму.

 

Денес, ќе ви ги откријам седумте ситници поради кои девојките се ладат, па дури и кон момците кои навистина им се допаѓаат. Момци, не значи ако девојката ве сака, ќе остане со вас по секоја цена. Обрнете посебно внимание на ситницата под број три и не дозволувајте да ја изгубите саканата поради невнимание и глупави ситници како што се следните.

1. Не покажуваш интерес за нејзиното секојдневие

Девојките придаваат значење на ситници од типот, покажување на интерес за нејзиното секојдневие. Ако не се интересирате како си го поминала денот, како се чувствува во моментот и зошто се чувствува така, дали работниот ден бил напорен или забавен, што научила ново денес, какво искуство стекнала, дали стигнала безбедно дома, дефинитивно ја губите во наредниот период.

Не значи дека треба постојано да се интересирате за нејзиното секојдневие, но повремено покажување на интерес, покажува и нешто друго, а тоа е дека навистина сте загреани за девојката и навистина ви значи. Девојките можат да почувствуваат кога не се сакани, односно кога мажите ги земаат здраво за готово, па затоа не изненадувајте се, ако еден ден, си замине од вас без да ви даде никакво објаснување.

2. Се обидуваш да ја промениш на суптилен начин

На почетокот, никој не ги забележува мааните и несовршеностите кај новиот партнер, поради возбудата. Но, како што одминува времето, и врската влегува во поодмината фаза, партнерите забележуваат работи еден кај друг, кои биле отсекогаш присутни, но не им пречеле. И откако ќе се случи тоа, се обидуваат да ги променат истите еден кај друг, на суптилен начин. Ако и работите на девојка позади грб, односно се обидувате да и наметнете правила и начини кои треба да ги следи или користи за да се подобри и трансформира според ваш вкус, тогаш неспорно е дека таа ќе ве остави за некој кој ја сака таква каква што е навистина.

Девојките не се глупави. Тие многу добро знаат дека ако одлучат да се променат кон подобро, тоа ќе го направат само за личност која ги сака и во нивното најлошо издание. Имајќи го ова во предвид, ве советувам дека ако сакате да промените нешто во врската или однесувањето на партнерката, разговарајте отворено, очи во очи за истото. И притоа, напоменете дека ја прифаќате таква каква што е, но би биле посреќни доколку прифати да промени некои работи кои не ви се допаѓаат.

3. Ја споредуваш со бившата или со други девојки

Ова е една од најлошите ситници која всушност не претставува ситница во главата на вашата девојка. Споредувањето со други девојки, посебно со бивша девојка, е неприфатливо. И токму поради ова, девојката ќе започне да се оддалечува од вас, мислејќи дека ја замислувате бившата на нејзино место или некоја друга девојка која ви се допаѓа од било каков аспект.

И не само тоа, туку ја намалувате самодовербата кај вашата девојка со тоа што ја споредувате со други. Таа ќе започне да се прашува, што барате со неа, кога имате друг тип на девојки кои ви се допаѓаат или се уште сте загреани за бившата. И секако, после одреден период ќе си замине без објаснување, мислејќи дека веднаш ќе ја замените со некоја од девојките со кои сте ја споредувале, што и не е далеку од вистината, нели момци?

Ако ја сакате девојката навистина, и кога ќе ви падне на ум да ја споредувате, нема да си го дозволите тоа, затоа што знаете дека никој не сака да биде споредуван, посебно со бивши партнер или со некој кој успеал да ви го привлече вниманието.

4. И кажуваш како да се шминка, облекува, однесува

Ова е незамисливо и понижувачко за било која припадничка на понежниот пол, освен ако не сте стилист, шминкер или професор по социјална психологија. Кажувам дека е незамисливо, бидејќи девојките се тие кои мислат дека знаат се околу шминката, облеката и женственото однесување.

Па дури и да не знаат, наместо да им го плеснете тоа во лице, може да најдете суптилен начин како да истакнете недостаток, маскиран во комплимент, како на пример: “Црвениот фустан изгледа одлично со тие жолти високи потпетици, но мислам дека црните ти стојат поубаво” или “Тоа црвено руменило ти го освежува изгледот, но мислам дека кремовото поубаво ги истакнува контурите на твоето лице”.

Доколку продолжите да и кажувате на девојката како да се облекува, шминка или однесува во друштво, таа ќе помисли дека се срамите од неа и ќе ве остави. Жена која ќе се почувствува како недоволно добра во присуството на еден маж, никогаш нема да заврши со тој маж. Ниедна жена не поднесува маж кој ја потценува.

5. И ја крадеш слободата и ја прилепуваш кон себе

Ако се однесувате кон неа како да е ваше сопствеништво, заборавете на среќниот крај. Поголем број од девојките ги оставаат момците кои се однесуваат посесивно поради страв дека таквото однесување ќе премине во психичко или физичко насилство во иднина.

А сите знаеме колку е популарно ваквото однесување кај мажите во денешно време. Ако навистина ја сакате девојката или сопругата, тогаш треба да и верувате, наместо да и ја крадете слободата и да ја прилепувате кон себе, покажувајќи љубомора и авторитет.

Ниту една жена нема да ве поднесува со такво однесување долго време. Вистинската љубов ослободува, наместо да заробува. Таа пружи слобода, наместо ропство кое ниедна жена не го посакува за себе. Колку повеќе прилепуваш една жена кон себе, толку повеќе таа се одлепува од тебе. Девојките добро знаат дека љубомората и насилното или посесивно однесување не се знак на љубов, туку довербата е.

Исто така, знаат дека со вистинскиот маж ќе се чувствуваат слободно, па дури и кога се во врска или брак. А доколку не го исполнувате овој критериум, не очекувајте таа да биде дел од вашиот живот на долга стаза.

6. Лош си в кревет или пак не се трудиш да ја задоволиш

Повеќето мажи се познати по тоа дека се грижат само за сопственото задоволство в кревет. Односно, не се трудат да ја задоволат партнерката. Тоа жените го сфаќаат како недостаток на љубов и внимание. И не грешат, затоа што љубовта не е себична, а доколку ве прави себични, тогаш не е љубов, туку интерес или опсесија. Кога девојата ќе забележи дека не ја ебете ни 2%, ќе најде некој што ќе ја еби 100%.

6 Причини зошто вегетаријанците и веганите живеат поубаво од месојадците

7. Таинствен си, односно не и дозволуваш да допре до тебе

Нема ништо лошо во тоа да ги чуваш тајните за себе на почетокот од врската и да останеш затворен, се додека не го запознаеш партнерот и се додека не стекнеш доверба. Но, доколку си таинствен и после подолг период откако си започнал врска со некоја девојка, таа ќе си ги претпоставува најлошите работи за тебе, односно ќе се сомнева во твоето минато, кое не треба да ја интересира, но сепак ја интересира, затоа што сака да знае со каков човек е во врска. Кога не и дозволуваш да влезе во твојот свет, таа веќе се подготвува да те исклучи од нејзиниот. И ако глумиш дека не ти е гајле дали ќе те остави или не, тоа само ќе ја зајакне нејзината одлука и ќе те остави по извесен период.

Жените не трпат мажи кои глумат лудило на долга стаза. Можеби на почетокот им изгледа слатко сета таа мистериозност и таинственост, но доколку трае подолго, не сомневајте се дека ќе ве остави за маж кој ќе и дозволи да го запознае каков што е навистина, со сите свои маани, недостатоци и тајни. Ако не и дозволиш да допре до тебе, или пак не искажуваш емоции, верувај дека таа ќе допре друг кој нема да се плаши да и признае дека ја сака и дека е слаб на неа. Жените иако глумат дека се палат на лоши момци, вистината е дека умираат по наивните и добрите кои знаат како да сакаат жена во вистинска смисла на зборот.