50 нови случаи на коронавирус во земјава од кои 30 во Скопје

2315

Според неофицијални информации на Сител денес има околу 50 нови случаи на корона вирус во земјава од кои 30 во главниот град.

Според информациите кои ги добивме од Центарот за јавно здравје и понатаму жариште во Скопје е општината Чаир каде што се и денешните нови дијагностицирани случаи.

Речиси во секоја скопска општина има по еден до двајца новозаразени но и на активни случаи од корона вирусот.

Од Центарот за јавно здравје потврдено е дека од погребот на починатиот пациент, чиј тест постмортем покажа присуство на вирусот заразени се 5 лица.

Центарот за јавно здравје реагираше дека има проблем со тестирањето на ова семејство бидејќи членовите на семејството не сакаа да се тестираат, меѓутоа денеска ги имаат резултатите од нивните тестови.

Денеска и Гостивар ги потврди новите 2 случаи од корона вирусот, а во текот на вчерашниот ден беше потврден 1 случај. Од општината потврдија дека имаат 8 активни случаи на Ковид-19.

Вчера Филипче најави дека овие 2-3 дена ќе ја следат состојбата со новозаразените по што ќе одлучат дали ќе воведат локални карантини, односно полициски час во оние општини каде што има најмногу заболени од ковид-19.

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести не е донесена одлука за рестриктивни мерки во општините со најмногу заразени, останува тие да ја следат состојбата во наредните неколку денови.

Се уште не се знае дали ќе има мерки и за престојниот празничен викенд којшто следи.

Неофицијално дознаваме дека по консултации со други земји предложено е отварање на границите на 15 јуни, но се чека официјалната потврда од Владата и Комисијата за заразни болести.