Очигледно, пушењето е една од најсмртоносните навики. Постојат меѓутоа и други фактори на ризик кои се шират со приближно иста брзина и кои главно произлегуваат од нездравиот начин на живот на луѓето. Еве ги првите пет:
- Осаменоста: Порастот на улогата на социјалните медиуми и намалувањето на личниот контакт лице в лице со други луѓе, ја претвора осаменоста во распространета појава која влијае на целиот свет. И тоа може да биде смртоносно. Осаменоста го намалува очекуваното траење на животот со пушење еквивалентно на 15 цигари дневно.
- Седење. Седењето по цел ден го зголемува ризикот од развој на различни видови на рак.
- Несоница: Несоницата зголемува ризикот од мозочен удар и инфаркт на сличен начин со пушењето, убеден е проф. Валери Гафаров од Светската здравствена организација.
- Солариуми. Вештачки тен може да изгледа како корисно сончање, но тоа не е. Потенцијално е поопасно од пушењето, бидејќи е поврзано со предизвикување голем број на канцери на кожата.
Во 2014 година истражувањето објавено во JAMA, открива дека солариумите водат почесто до рак на кожата, отколку пушењето – до рак на белите дробови.
5. Нездраво јадење.
Бројни студии покажаа дека шеќерната и преработената храна богата со заситени масти нè изложуваат на потенцијално фатални заболувања – речиси многу (ако не и повеќе) како пушење. Во 2016 година, научниците кои го испитуваат ризикот од смрт кај нездравите луѓе, заклучуваат дека нездравата храна е многу повисока од пиењето алкохол, земањето дрога, незаштитениот секс и пушењето заедно!















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















