25-годишно момче стана најмлад самоостварен милијардер – на 2 години го знаел периодниот систем напамет, во 6 одд. претворил Нинтендо конзола во мобилен телефон

545

Доколку досега не сте слушнале за Остин Расел, тоа е целосно разбирливо. Досега тој беше млад извршен директор во помалку познатиот дел од автомобилската индустрија, предводејќи ја стартап компанијата за ласерска технологија на „Luminar“.

Меѓутоа, таа компанија за ласерска технологија која што Расел ја основал кога имал само 17 години, објавила кон крајот на минатата седмица дека за првпат е ставена на индексот „Nasdaq“.

„Уште сум релативно млад, но… Во ова е вложено многу крв, пот и солзи. И, имав доволно среќа сам да го издржам тој голем товар“, изјавил тој во видео интервјуто за Форбс од својата канцеларија во калифорниски „Palo Alt“.

Неговите 104.7 милиони акции, околу третина од капиталот на „Luminar“ вределе 2.4 милијарди долари пред само неколку дена.

Според Форбс, Расел е редок случај на момче гениј кое што знае да ги искористи своите таленти.

Форбс пишува дека тој на само две години го знаел целиот периоден систем напамет, а во шесто одделение претворил Нинтендо ДС конзола во мобилен телефон, откако родителите му го скршиле тој што го имал претходно.

На 13 години веќе го пријавил првиот патент, подземен систем за рециклирање вода. Наместо да оди во средно училиште, своите тинејџерски години ги поминал на институтот „Irvine’s Beckman Laser“ во Калифорнија.

Компанијата на Расел особено се фокусира на LiDAR системи кои што ги користи „Apple“ за своите iPhone 12 – Pro Max телефони.