15 годишна пациентка почина од Ковид 19 на Инфективната клиника

415

15 годишна пациентка денес починала на Инфективната клиника како последица на компликации од Ковид 19, информираат од Министерството за здравство.

Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, таа имала тегоби 10 дена.

Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас, велат од Министерството за здравство.

Пациентката била позитивна на емидемиолошката анкета, односно според кажувањата на таткото, нејзината мајка претходно починала од Ковид 19.