Ѝ се смее целиот свет: Погледнете како оваа градоначалничка бегаше од новинарите

78

Политичарите често знаат да побегнат од прашањата на новинарите, но оваа градоначалничка на општина од чилеанскиот главен град Сантијаго може да се каже дека ги надмина сите.

Имено, 65-годишната Евелин Матеј, градоначалничка на општината Провиденсиа од Сантијаго, буквално започна да трча откако новинарите „ја нападнаа“ со бројни прашања.

Чиле во изминатите неколку седмици го тресат големи протести, а Матеј ги критикуваше постапките на владата во решавањето на ситуацијата. Поради тоа, новинарите се обидоа да ѝ постават неколку прашања, но таа во еден момент започна да трча.

„За среќа сме во добра физичка форма“, се пошегува еден од дописниците кои што трчаа покрај неа.

Неколку секунди подоцна градоначалничката сепак забави и му дозволи на еден од новинарите да ѝ постави уште едно прашање.