Од регистрираните 705 нови позитивни случаи за периодот од 7 до 13 септември, 221 или имале контакт со потврден случај (31,3 отсто), а регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена), стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.
Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.
Од 7 до 13 септември тестирани се вкупно 8.353 материјали, што е 14.2% помалку во однос на минатата недела.
Регистрирани се 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (136; 19,3%), 40-49 (107; 15,2%) и 20-29 (98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (19; 2,7%) и 10-19 години (36; 5,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











