Во Скопската чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот парк од денеска до 1 јуни ќе се одржува вториот Фестивал на светлината (Skopje Light Art District) кој вечер од 20 часот ќе биде отворен во Куршумли ан.
Организатор е ЈУ Универзална сала со поддршка на Град Скопје. Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и уметнички групи од земјава и од странство од 20 до 24 часот во четирите фестивалски денови на 18 локации ќе ги изложуваат своите дела, ќе ги изведуваат своите претстави и перформанси.
– Со инсталации и настапи во многу бои и светлина, „Skopje Light Art District“ и реномираните светлосни уметници кои ќе бидат дел од него, на присутните ќе им ги претстават фантастичните и митски суштетства и чудовишта кои магично излегуваат од крошните на дрвјата или се вешто скриени во некој дел од урбаната џунгла, светлечките дрвја, музичките перформанси, 3Д-проекциите и уште многу други светлосни атракции, соопшти организаторот.
Почетната точка од патеката на фестивалот е во чаршијата, води по кејот на Вардар и завршува во Градскиот парк. Посетителите можат преку мобилна апликација и мапата на веб-страницата на фестивалот (www.skopjelightartdistrict.com) да се вклучат и самите да ги откриваат поставките. Фестивалот ќе има и посебен дел за одмор, забава и дружење на посетителите, кои ќе имаат можност да присуствуваат и на првиот 3Д-мапинг натпревар, на кој домашни и странски уметници ќе се натпреваруваат за фестивалското гран-при – наградата „Златко Славенски“.





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)

















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)



