Со позитивни одлуки градиме пријателство, а со негативни горчина, рече премиерот Зоран Заев запрашан за коментар по најновата изјава на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која во денешното гостување во бугарската телевизија БТВ порача дека Бугарија вели – „не за почеток на преговорите, но не и за членство на земјава во ЕУ“.
Заев додаде дека двата народа не треба никој да ги оддалечува и оти мнозинството граѓани во Бугарија не се согласни со ставовите на официјална Софија во врска со ветото кон Македонија.
„Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада и тоа е прилично извесно. Во проценти повеќе е тоа извесно…но, сепак, никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста на политичарите е голема. Иако е ГАК на 17, има време, до декември. До крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција. Очекувам крик на пријателство од бугарската страна“, рече Заев.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



