„За спас на Попова Шапка” најави протести доколку не се подобрат состојбите во зимскиот центар

0
51
Popova Shapka Macedonia

Протести и блокади на патот Тетово – Попова Шапка претстојната сабота кај жичарницата во Тетово доколку надлежните институции не одговорат позитивно на барањата за подобрување на условите за нормално работење на зимскиот центар Попова Шапка. Ова денеска го најавија од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ на прес-конференција што ја оддржаа кај Жичарницата на почетокот од патот за овој зимски центар.

Според членот на инцијативата Амди Сулејмани, Попова Шапка и оваа зимска сезона останала без ветените инвестиции и потребното внимание од институциите. Тој посочи и дел од главните барања на оваа инцијатива за одбегнување на најавените блокади.

-Бараме итен состанок со премиерот и други претставници од неговиот кабинет најдоцна до сабота што треба да се реализира на Попова Шапка при што бараме премиерот посетата да ја реализира како обичен граѓанин за одблиску да се соочи со ралните тешкотии со кои постојано се соочуваат посетителите на овој туристички центар. Владата детално да ги анализира договорите со изведувачите за шестседишницата и да преземе законски санкции поради задоцнување во неговата изведба. Владата да формира комисија за надзор на работите на Попова Шапка со вклучување на претставници од Владата, граѓанскиот сектор, експерти од зимски спортови и кадар запознат со сотојбите во зимскиот центар. Поголема посветеност од Агенцијата за развој на туризмот, Агенцијата за млади и спорт и Скијачката Федерација и нивен поголем притисок врз надлежните институции околу нивното неуспешно работење на Попова Шапка. Повлекување на АД ЕЛЕМ од уништувањето што го врши врз туристичкиот центар Попова Шапка, изјави Сулејмани.

Од иницијативата „За спас на Попова Шапка“ очекуваат и итна реакција на надлежните за, како што рече Сулејмани, итно надминување на кризните состојби што се повторуваат секоја сезона како чистење на паркингот од снегот, редовно работење на ски – лифтовите, ред и мир на терените и 24 часовно работење на амбулантата во Центарот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here