За една година заштедив 400 фунти, а не ни почувствував! Овој трик го применуваше татко ми одамна, пробајте го и вие уште веднаш!

191

Една Британка објавила како неосетно успеала за една година да заштеди речиси 400 фунти (околу 500 евра) со едноставен трик кој го научила од татко ѝ.

Ерин Омер од Суреј се обидувала да најде наједноставен начин да заштеди за депозит за куќата кога се сетила на еден трик кој нејзиниот татко цел живот го применувал.

„Татко ми го применуваше истиот трик кога бев мала, а тоа е дека секогаш го проверуваше кусурот и бараше монети од две фунти. Секој први јануари почнуваше отпочеток. Издвои касичка и цела година ја полнеше со тие монети. Касичката ја празнеше насредина на декември“, вели Ерин за британските медиуми.

Така и Ерин одлучила за време на таа година да го примени истиот трик и за 12 месеци успеала да заштеди 386 фунти.

„Кога ја отворив касичката бев запрепастена. Всушност, ми требаше многу сила низ годината за да не ја отворам и да не ги потрошам за гориво или нешто слично, но штом паднев во искушение, се присетував дека сепак повеќе ја сакам својата куќа“, вели Ерин која е премногу воодушевена од резултатот, па планира оваа година да го применува истиот трик, но со повеќе пари.

„Тоа чувство кога во декември ќе видите колку сте заштедиле е непроценливо. На сите кои бараат некој едноставен метод за штедење, топло им го препорачувам мојот, бидејќи на крајот сепак се собира сериозна количина на пари“, заклучува Ерин.