Британските медиуми пренесуваат дека Велика Британија наскоро би можела да се најде во иста ситуација во која моментално се наоѓа Италија – земја која од вчера навечер де факто е во карантин.
Научник за „Дејли Мејл“ изјави дека Велика Британија би можела да се најде во иста ситуација. Во Велика Британија моментално има 321 потврдени случаи на коронавирус, а досега починаа пет лица.
Високо позициониран функционер од британската влада задолжен за ресорот здравство, призна дека „повеќе илјади“ Британци ќе бидат заразени со коронавирусот, а докторот Адам Кеј исто така порача дека за најмногу две седмици Велика Британија ќе наликува на Италија.

Доктор Франсис Балукс, професор по биологија на лондонскиот универзитет “UCL”, изјави дека динамиката на ширење на вирусот во Велика Британија е иста како таа на северот од Италија. „Со тоа што северна Италија е две до три седмици пред Велика Британија. И Велика Британија би можела да се соочи со масовниот карантин кој ја турна Италија на колена“.
Професорот Марк Хендли, научник при “UCL” објави на Твитер и графички приказ на динамиката на ширење на коронавирусот во Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, САД и Швајцарија кој покажува дека динамиката на ширење е практично иста како и таа во Италија.
Here’s the coronavirus data, overlayed with the dates offset by the amounts shown. One of these countries is not like the rest. Everyone else will be Italy in 9-14 days time. pic.twitter.com/VESY54X1gP
— Mark Handley (@MarkJHandley) March 9, 2020
Францускиот претседател Емануел Макрон минатата седмица изјави дека Франција се движи кон епидемијата на коронавирусот: „Постои момент кога сите знаеме дека епидемијата е неизбежна“, порача Макрон истиот ден кога член на францускиот парламент беше хоспитализиран поради коронавирусот.