„Вуд енд компани“: Акциите на „Алкалоид“ ќе носат висока зработувачка во следните години!

69

Реномираната чешка инвестициска банка „Вуд едн компани“, специјализирана за акционерски друштва чии акции котираат на берзите на растечките пазари во Југоисточна Европа, и оддаде признание на македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“, за чии што акции препорачува да се купуваат и чуваат.

-Акцијата на најголемиот македонски фармацевтски производител „Алкaлоид“ вреди, треба да се има во портфолиото и треба да се чува.   „Алкалоид“ е акција која треба да се купува до ценовни нивоа до 13.600 денари за акција и потоа да се поседува, односно да се чува, е главната поента на финансиските аналитичари од „Вуд енд Компани“.

Аналитичарите во својата анализа појаснуваат дека на оваа фармацевтска компанија и претстои светла иднина, бидејќи предвидувањата се за постоечки раст и висока заработувачка во следните години.

-Алкалоид сега и во иднина има и ќе има релативно силни и растечки приходи од кои ќе произлегува висока заработувачка и тоа во континуитет за наредните три до четири години, пишува во анализата.

Овие проекции се темелат на тековните и идните вложувања на „Алкалоид“ во нови производствени капацитети од фармацевтската индустрија. Сегашната слика е дека компанијата има одржлив раст на приходите, ширење на домашниот, но и на светскиот пазар.

Како можни ризици кои постојат се наведуваат оние кои постојат за сите фармацевтски производители, како што се можни легислативни регулаторни ограничувања од национални авторитети во областа на издавање дозволи и пуштање во промет медикаменти како и можни ценовно-курсни варијации на некои валути од мноштвото земји во кои извезува најголемиот македонски производител на лекови.