Вознемирувачка снимка на која се гледа како полицијата по грешка ја уби*а актерката која глумеше со Клуни

871

Оваа снимка ја објавила полицијата, а трагичниот настан се случил во месец август, 2018-та година. Вознемирувачката снимка на која се гледа моментот кога полицијата ја убива актерката Ванеса Маркез, се појави во медумите и предизвика бурни реакции во јавноста.

Трагичниот настан се случил во август 2018-та година, а убиената Ванеса е позната по улогата во серијата „ЕR“ (Emergency Room) во која што играше со актерот Џорџ Клуни. Беше присутна во првите три сезони во улога на медицинската сестра Венди Голдман.

Снимката на која полицијата случајно ја убива ѕвездата од серијата, предизвикала бурни реакции во целиот свет, а ја објавила полицијата од Северна Кореја.

Полицијата влегла на повик кај сопсвениците на домот во кој што актерката живеела, за да ја проверат нејзината психичка состојба, а на снимката се гледа како униформираните луѓе доаѓаат во нејзината куќа во Лос Анџелес во моментот кога таа вади пиштол и вика: „Убијте ме, убијте ме!“.

Подоцна се утврдило дека пиштолот бил само реплика, но веќе било доцна.

На снимката се гледа како полицијата влегува во куќата и ја наоѓа актерката во спалната соба како лежи на кревет затрупана во многу работи.

„Ванеса, сите се загрижени за тебе, нè повикаа да провериме како си“ – рекол полицаецот.

Актерката им одговорила дека има напади, но одбивала да тргне со нив во болница, а потоа извадила пиштол, пишуваат од „The Sun“.

Ја молела полицијата да ја убијат, а тие ја молеле да го спушти пиштолот. Не постапила така како што барале од неа па настанот завршил фатално.

Нејзиното семејство го тужи градот Јужна Паседана бидејќи го смета за одговорен за нејзината смрт, наведуваат од „ABC“.