Денес, ВМРО ДПМНЕ оддржува седница на Централниот Комитет на која ќе се избираат членови на Извршниот Комитет. Претходно претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека се работи за проширување и зајакнување на постојниот состав.
Дознаваме дека Извршниот Комитет ќе брои 27 членови, а ВМРО ДПМНЕ ќе добие покрај постојните потпретседатели и два нови.
Во составот на Извршниот Комитет се приклучува и угледен доктор кој има успешна кариера, како и досегашен експерт од економското и монетарно работење.
Во Извршниот Комитет ќе биде и познат аналитичар, како и повеќе нови луѓе од партијата кои се новата енергија на кои ќе им се даде шанса во политиката.
Од досегашните членови сосема е извесно дека ќе продолжат да бидат Антонио Милошоски, професорот Трајко Славески, Драган Ковачки, Влатко Ѓорчев, Владо Мисајловски, Александар Николоски.
Од партијата засега упатуваат на седницата на Централниот Комитет која ќе се оддржи во 18 часот по што ќе бидат дадени изјави за медиуми.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



