(ВИДЕО) Ужасни торнада во Алабама: Меѓу загинатите и тричлено семејство

847

Најмалку пет лица загинаа откако американската сојузна држава Алабама ја погодија низа на смртоносни торнада кои откорнаа дрвја, срушија куќи и предизвикаа прекин во снабдувањето со електричната енергија.

Меѓу загинатите е тричлено семејство кое живеело во дрвена куќа во малиот град Охачи, како и маж и жена кои живееле во мобилни куќи во Охачи и Велингтон, пренесува „Вашингтон пост“.

Напорит за потрага и спасување дополнително ги закомплицира силното невреме кое продолжи ширум регионот.

Локалните власти соопштиле дека во одредени делови на погодените порачја дошло и до прекин во снабдувањето со електрична енергија и ги повикаа граѓаните да останат засолнети.

Радарски податоци покажаа дека торнадото кое се формираше на југозападот на Алабама преминало околу 160 километри и се задржало на земјата околу еден час и 20 минути.

„Истрагата на лице место ќе ја утврди јачината на бурата, но врз основа на рушевините, прилично сме сигурни дека ќе пронајдеме најмалку седум торнада кои минале низ државата во четвртокот“, соопштија метеоролозите.