(ВИДЕО) Игуаин доби „награда“ при прославата на голот: Заврши во градите на една навивачка

224

Напаѓачот на Челзи Гонало Игуаин синоќа постигна фантастичен гол против Барнли во мечот од 35. коло во Премиер лигата.

Популарниот Пипита мрежата на гостите ја затресе во првото полувреме, а по погодокот беше и повеќе од среќен, па голот го прослави на интересен начин.

Иако веројатно тоа не му беше целта, Игуаин на крајот заврши во прегратката на една навивачка на домашниот тим која му најде посебно место – меѓу нејзините гради.

Секако, сето тоа беше забележано од камерите, па видеото брзо заврши на социјалните мрежи.

loading...