Утрово пет хеликоптери од Србија и Македонија околу 9 часот започнаа со гаснење на пожарот во пехчевскиот регион од воздух.
Жителите на Берово до порталот „Независен весник“ испратиле видео на кое се гледа хеликоптер кој наполнил вода од Беровското Езеро и ја пренесува до пехчевско.
Претходно директорот на ЦУК Стојанче Ангелов објави дека петте летала веќе започнале со гаснењето на пожарот.
– Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук.