Летната туристичка сезона полека но сигурно веќе се наближува, па од агенциите велат дека граѓаните веќе и се јавуваат за да ги потврдат уплатените аранжмани. Од таму велат дека иако стравуваат дали ќе ја примат потребната доза до почетокот на летната сезона аранжманите секако се резервираат.
Добрата вест е што лани уплатените ваучери ќе може да се искористат до крајот на оваа година и има можност да се фати одморот во септември. Од друга страна, оние граѓани, кои не сакаат да ја примат дозата и да вадат ПЦР тестови, ќе немаат можност за замена за друга дестинација и ќе треба да чекаат на поврат на средствата, но дури од јануари идната година. Копиите од сите издадени лански ваучери за одмор во странство, се архивирани и во Министерството за економија.
-Речиси стопроценти од издадените лански ваучери се за Грција, а граѓаните внимателно ги следат информациите од тамошните власти. Нашите закупи се сигурни, ние сме во постојана комуникација со партнерите, бидејќи уплатите ни стојат уште од 2019 и почетокот на 2020 година. Сите се надеваме дека оваа летна сезона ќе биде далеку поуспешна од лани и покрај строгите здравствени протоколи, па затоа очекуваме од Министерството за здравство да дозволи туристичките работници да имаат приоритет за примање на дозата, велат за „Слободен печат“ од туристичката агенција
„Игуана“.
Извор: Слободен печат









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











