Вардар се засили со Црногорец, Дисингер на излезна врата?

693

Поранешниот европски првак Вардар се засили со капитенот на црногорската репрезентација и досегашен ракометар на Истр, Васко Шеваљевиќ, кој од утре ќе им се приклучи на неговите нови соиграчи.

Шеваљевиќ игра како лев бек и ќе биде засилување за тимот на „црвено-црните“ во предизвиците од пролетниот дел од сезоната, а тоа предизвика шпекулации дека македонскиот клуб наскоро ќе го напушти Кристијан Дисингер, кој исто така игра на левата бековска позиција.

Црногорскиот репрезентативец ќе мора да го пропушти мечот против Војводина, кој се игра утре од 17.45 часот, но ќе биде во конкуренција за дуелот против Нексе на 1 февруари во СЕХА-лигата.

Шеваљевиќ во кариерата настапуваше за Динамо Минск, Хановер, Тулуз, Трембле, Сан Антонио, а последните две години игра за Истр од Франција, додека сезонава на десет дуели постигна 35 голови.