За внесување и трговија со канабис на територија на Грција е уапсен грчки државјанин кој на мотор превезувал 33 килограми и 533 грама канабис, а истите ги презел на граничен премин со Македонија, пренесува дописничка за „МИА“ од Атина.
Како што соопштиле од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот бил спакуван во 31 пакување.
„Од истрагата на полицајците произлезе дека горенаведената количина дрога претходно ја примил од граничниот премин кај Килкис, со цел понатамошна трговија во внатрешноста на земјата“, соопштиле од грчката полиција.
При претрес на домот на уапсениот, кој според медиумите во Грција е државен службеник и вработен во општина, биле откриени и запленети воздушен пиштол, 12.000 евра и 12 кутии анаболични супстанции, пренесува „Слободен печат“.
Исто така запленет бил и моторот за кој било констатирано дека е со украдени регистарски таблички.





![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)


















![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-100x70.png)



