Тревниците во Скопје преплавени со отров опасен за животните

66

Проблемот со бездомните животни се уште останува не решен. Поради тоа некои луѓе се обидуваат истиот да го решат на своја сметка.

Поради тоа метомиол или ланате отров се фрла во голем број тревници во Скопје со цел да се намали бројот на бездомните животни.

Покрај тоа што е фатален за бездомните кучиња, истиот им се заканува и на сопствениците на кучиња како и на децата кои редовно играат на овие места.

Овој начин на решавање на проблемот е крајно нечовечки, нехуман, но пред се опасен според токсиколозите.

Симптомите на труење од овие супстанции се повраќање и главоболка, но последиците од овој препарат против инсекти може да биде фатален .

Фрлањето на отров во тревниците е кривично дело, како последица може да биде губење на живот.