Тој е најбогатата позната личност во Америка за 2018 година: Заработил 5,4 милијарди долари од само една продажба

109

Според листата на најбогати познати личности во Америка за 2018 година, која ја објави американското деловно списание “Forbes”, првото место го зазема режисерот на “Star Wars”, Џорџ Лукас.

Творецот на серијалот научно-фантастични филмови е “тежок” 5,4 милијарди долари, за што поголемиот дел се заслужни парите кои тој ги заработил кога неговата продукциска куќа “Lucasfilm” била продадена на компанијата “Disney” за 4,1 милијарда долари во 2012 година.

Лукас на листата на “Forbes” го претрка својот колега, режисерот Стивен Спилберг, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари, додека американската водителка Опра Винфри се наоѓа на третото место со 2,8 милијарди долари.

Зад неа се наоѓа еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан, со 1,7 милијарди долари, а на листата за прв пат се нашла и реалити ѕвездата Кајли Џенер, која со своето богатство од 900 милиони долари “се заканува” да стане најмладиот милијардер во историјата кој сам заработил толкава сума на пари.

Петтото место со неа го дели и раперот Џеј Зи, кој исто така “тежи” 900 милиони долари.

Седмото и осмото место го заземаа магионичарот и илузионист Дејвид Коперфилд со 875 милиони долари и раперот Пи Диди со 825 милиони долари, додека еден од најдобрите голфери на сите времиња, Тајгер Вудс, и писателот Џејмс Патерсон се на деветтото и десеттото место на листата со богатство од 800 милиони долари.

 

loading...