Тлото започнало да се поместува, а за кратко исчезнало цело семејство: Дупка во земјата проголтала куќа додека во неа се наоѓале татко и три деца

400

Еден татко и неговите три сина од Гватемала загинале кога лизгањето на земјиштето им го проголтал домот.

Поради поместување на тлото, во земјата се отворила огромна дупка, а куќата стоела на карпа.

Во несреќата настрадал 39-годишниот Франциско Лукс и неговите три деца на возраст од 3, 6 и 10 години. Трите момчиња се идентификувани како Фелицијано, Фреди Гаспар и Ензо Араел, а нивните тела биле пронајдени во рушевините.

За време на несреќата, мајката била надвор од домот, набавувајќи храна за појадок, а кога дознала што се случило, паднала во состојба на шок.

Во близина се наоѓал и еден тинејџер кого службите успеале да го спасат, а тој бил пренесен во болница со неколку скршеници.

Дупката се отворила по обилните дождови кои го навлажниле веќе мекото земјиште. Овогодишната дождовна сезона во Гватемала започна во мај, а досега однела 12 животи.