Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија, пренесува „ТВ21“.
Чешките медиуми пренесуваат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на лице место“, изјавила портпаролката на полицијата, Вероника Хиплерова.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















