Симона Попоска го промовираше видеото за темата “Ти си моја победа” која е авторско дело на хит-мејкерот Роберт Билбилов.
“Драги мои , со многу труд и љубов го изработивме ова дело ! Нешто поразлично и слатко , благодарност до Роберт Билбилов кој е заслужен за заразната мелодија, Андреј Ѓорѓиевски кој се погрижи за видеото и ги искористи максимално убавините од мојот роден град ! И секако благодарност до целиот тим кој застана зад мене ! Уживајте !!!”, порача пејачката на Фејбук.
Инаку, оваа песна пејачката ја посветува на својот сопруг Крис со кого се венча пред неколку месеци, а освен што и цветаат рози на приватен план може да се пофали и со професионални успеси со оглед на фактот што неодамна дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје, а веќе работи и како докторка во еден познат приватен центар за разубавување и подмладување.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















