Шведската јавност згрозена од фотографијата на која тројца политичари симулираат групен секс: Поднеле оставки поради критиките од сите страни

148

Фотографијата која се појавила во Шведска ја згрозила тамошната јавноста. На фотографијата, која во меѓувреме е избришана, се наоѓаат одборникот на градот Селвесборг, Емили Пилтамар како и нејзините колеги Никлас Јолсон и Питер Тирен, кои симулираат групен секс.

Актерите на ваквата сцена која предизвика негативни реакции во Скандинавија, поднеле оставки.

Пилтамар, на оваа фотографија која веројатно настанала за време на ноќна забава, се наоѓа помеѓу Јолсон и Тирен. Едниот од нив стои зад политичарката, додека другиот помеѓу нозете држи пивска флаша недалеку од нејзината уста.

Симулацијата е јасна, а Емили Пилтамар подоцна истакнала дека со овој чин сакале да илустрираат и демонстрираат што се случува во друштво на Питер Лундгрен, застапник од Шведска во Европскиот парламент.

Гунар Стромер од Партијата на умерените истакнал дека станува збор за тотално промашен обид, а гувернерот на општината Селвесборг, Ларс Ериксон, остро ја осудил ваквата фотографија, истакнувајќи дека на тој начин целата институција губи кредибилитет.

Државниот врв исто така ги осудува постапките на политичарите на локално ниво, а по повод спорната фотографија се огласила и министерката за образование Ана Екстром:

“Дали човекот со оваа флаша навистина треба да биде во Одборот за образование на деца во Селвесборг? Ако има совесни луѓе во Партијата на умерените, би ги замолила да се погрижат на вакви функции да се наоѓаат респектабилни луѓе”, се изјаснила министерката.

Осудите пристигнувале и од социјалните мрежи:

“Фала Богу не живеам во тој град. Ова е срамота, дури и ако се работи за шега”, е само еден од коментарите на Фејсбук.

Пилтамар, Јолсон и Тирен поднеле оставки од своите функции и ѝ се извиниле на јавноста.

loading...