Со оглед на тоа дека многу работите, нездраво се храните, немате време за физички активности, неминовно е да се дебелеете па потребно е долго време за да се вратите на претходната тежина.
Во обид да ослабат, многумина ангажираат лични тренери од чија посветеност зависи колку ќе ослабете за тој период. Начинот на кој некој му се посветува на клиентот многу зборува за тоа каква личност е, а тренерот во шоуто “Fit to Fat to Fit”, Адонис Хил е достоен за восхит.
Кога го прашале дали би бил подготвен да се здебели 30 килограми поради некој друг тој одговорил дека тоа би го направил доколку на тој начин би спасил нечиј живот.
Неговиот клиент, Алиса целиот живот имала прекумерна тежина. Кога започнала со овој проект имала 140 килограми. Адонис морал да се здебели за 4 месеци за да се најде на истата точка како Алиса. За да успее во тоа јадел брза храна, пиел газирани сокови и престанал да вежба.
Неговата посветеност предизвикала некои здравствени проблеми поради што докторите морале да го прекинат неговиот процес на дебелеење еден месец претходно. Дијагностицирана му била хипертензија и состојба на предијабетес. Добра вест е дека тој престанал да користи лекови кога се вратил на старата тежина, но не жали за тоа што морал да поминува низ такви работи и што се подложил на ризик исто како пожарникарите кога спасуваат нечии животи.
Кога првата цел била постигната, започнал со втората. Алиса и нејзиниот тренер работеле заедно на тоа да добијат тело од соништата. Трчале, дигале тегови, се придржувале до строга диета и се поддржувале во текот на тешките фази. Било многу интензивно, но и тешко кога тежнееле по брза храна.
После неколку месеци и двајцата имале одлични резултати. Алиса успела да ослабе 26 килограми за 4 месеци, а Адонис рекол дека после овој период достигнал тежина од 103 килограми. Нивниот труд вроди плод.
Од свое лично искуство, Адонис покажал дека луѓето може да постигнат сè што ќе замислат ако се доволно мотивирани. Станува збор за емпатија и способност да ги разбирате проблемите низ кои луѓето поминуваат. Со овој експеримент, тренерот се надева дека свеста за ризикот од дебелеење кај луѓето треба да се зголеми.