Салата од круши и фета сирење: Еве како да го направите рецептот кој се наоѓа на листата со кралски јадења

62

Салатата од круши е една од најнеобичните, но и тоа како им е омилена на оние кои ја пробуваат. Исто така се наоѓа на листата со кралски јадења

Состојки:

– рукола
– 1 лажичка оцет од бело вино
– 1 лажичка сок од лимон
– 1 лажичка мед
– маслиново масло
– балсамичен оцет
– сол, свежо мелен пипер
– круши
– 120гр. фета сирење
– 4 лажички ореви
– семе од калинка  


Подготовка:

Исечете ја салатата на парчиња со посакуваната големина. За маринадата измешајте го оцетот, сокот од лимон, медот, солта, биберот и останатите состојки. Наредете ја салатата во чинија и прелијте со половина од маринатата.

Пресечете ги крушите на долги парчиња. Распоредете ги во салатата и прелијте со остатокот од преливот. Истурете го сирењето и посипете со оревите и калинката.