САД го поништија договорот за пријателство со Иран од 1955 година

0
135

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека САД го поништуваат договорот за пријателство со Иран, кој бил склучен во 1955 година за воспоставување економски односи и конзуларни права меѓу двете земји.

Овој потег следува кога Меѓународниот суд на правдата им нареди на Американците да ги повлечат санкциите наметнати врз Иран, а кои може да влијаат на увозот на хуманитарна помош, како и производи и услуги поврзани со безбедноста на цивилното воздухопловство.

Иран наведе дека санкциите наметнати од администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повлекувањето од нуклеарниот договор од 2015 година, го прекршуваат таканаречениот договор за пријателство.

Помпео во изјава на новинарите посочи дека укинувањето на договорот беше одложено неколку децении.

Тој рече дека Иран го злоупотребил Меѓународниот суд на правдата за политички и пропагандни цели.

Тој додаде и дека тврдењата на Иран се апсурдни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here