Руската амбасада со реакција до ,,Гардијан”: Ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ

1690

Амбасадата на Русија во Македонија на својот Твитер профил реагираше на насловната страна на британскиот весник „Гардијан“, кој пишуваше дека резултатот на референдумот во Македонија е уште една победа за Русија.

,,Драг Гардијан ( и другите западни мејнстрим медиуми), со обвинувањето на Русија за неуспехот на референдумот во Македонија, вие докажувате дека или ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ. Ни едното ни другото не е добро за вашата репутација”, напиша Амбасадата на Русија во Македонија.