Руската воздухопловна корпорација МИГ развива нов борбен авион од петта генерација наречен МИГ-41, потврди извршниот директор на компанијата Иља Тарашенко, пренесува руски „ТАСС“.
„Не, ова не е некој митски проект, туку долгогодишен проект на МИГ. Во тек се интензивни напори за наскоро авионот да биде претставен на јавноста“, изјави Тарашенко.
Станува збор за авион кој што би требало да го наследи пресретнувачот МИГ-31 кој што е познат како МИГ-41 или ПАК ДП.
Според претходните извештаи на руските медиуми, експерименталниот развој на леталото би требало да започне оваа година, а Тарашеноко изјави дека тоа ќе започне во „блиска иднина“. Испораката на ваквите авиони на руското воено воздухопловство е закажано за средината на идната деценија.
Уште минатата година Тарашенко изјави дека МИГ-41 ќе има два мотори, намалена видливост за радарите и можеби и најважното – ќе биде многу побрз од својот претходник кој според официјалните податоци може да лета и до 3 илјади километри на час. Тоа значи дека најновиот руски пресретнувач ќе биде најбрзиот авион на светот.
Иако за конечната брзина засега може само да се шпекулира, се претпоставува дека целта на корпорацијата е авионот да лета побрзо од три маха, а можеби и 4 маха, а борбениот радиус да биде значително поголем од неговиот претходник.
Според некои руски медиуми, овој авион дури би можел да биде задолжен и за борбени дејствија и во вселената. Колку ќе чини целиот проект за развој на овој авион, засега не е познато.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)
![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-218x150.jpg)















![[ФОТО] Објавена листата на „најкул“ улици во светот: Таму се одвива вистинскиот градски живот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/pKZ5W-screenshot-5-100x70.jpg)




