Дали има нешто поромантично од вечери покрај море кое е осветлено со свеќи? Италијаните тврдат дека има, а станува збор за пристоен оброк во ресторанот на хотелот „Grotta Palazzese“ со поглед кон Јадранот…
Ресторанот на хотелот „Grotta Palazzese“ е сместен во варовничката пештера во градот Полигнано а Маре во јужна Италија. Станува збор за исклучително необичен, но романтичен амбиент, кој ги привлекува љубителите на добрата храна.
Некои историски записи покажуваат дека ресторанот на ова место постои уште од 1700-те, кога во него се собирале благородниците.
Ресторанот во пештерата со поглед кон Јадранското море нуди класични медитеријански оброци како антипасти, тестенини и риби. Овде може да уживате во медаљони, потпечен лосос со зачинет сос, салата од тиква и сос од шафран, но и јадења со месо, како што е говедското филе со тартуфи.
На располагање имате и листа со добри вина, а ручекот или вечерата можете да го завршите со класичните италијански десерти како тирамису, замрзнато семирфедо и сорбета. За оброк во пештерата треба да издвоите во просек 50-тина евра.