Работа од соништата: Месечно заработува 500.000 долари играјќи игри од својата спална соба

211

Американецот Тајлер “Нинџа” Блевинс е професионален играч на видеоигри и месечно заработува и до 500.000 долари играјќи “Фортнајт”, најчесто од кревет.

Овој среќник на ЈуТјуб има 22 милиони претплатници, а на Инстаграм и Твич, стриминг платоформа, го следат 14 милиони луѓе. Списанието “Time” го ставило на листата од 100 највилијателни луѓе.

Често дава интервјуа за каналите ESPN, LA Times, а гостувал и кај Џими Фалон.

Со оглед на тоа дека овој 27-годишен Американец станал идол и културна икона на тинејџерите ширум светот, компанијата за компјутерски игри “EA” во март му платила половина долари на ден, само за да ја игра нивната нова видеоигра “Apex Legends” и да ја стримува на “Твич”.

Играта во првиот месец собрала повеќе од 50 милиони играчи.

Но, тоа е уште далеку од популарноста на “Fortnite”, видеоиграта на која Тајлер и го должи својот ѕвезден статус. Таа моментално бележи 250 активни играчи, а иако гејминг студиото Epic Games ја пуштило во 2017-та година, минатата година пријавиле проходи во износ од 2,4 милијарди долари.

Сепак, славата и успехот имаат своја цена.

Така Тајлер се пожалил дека за да ги задоволи потребите на својата публика, дневно мора да игра “Fotnite” дури 12 часа. Ако прескокне ден, тоа може да значи загуба од неколку илјади долари. Така неодамна, кога бил на патување од неколку дена, изгубил 100.000 претплатници, што било околу 500.000 долари во приходи.