Путин земал пиштол и ги шокирал специјалците! Во седиштето на тајната служба ГРУ им одржал лекција за пукање

387

На социјалните мрежи повторно се појави снимка од рускиот претседател Владимир Путин на кое пука со пиштол.

Снимката, како што се наведува настанала во 2007-та година, во седиштето на тајната служба ГРУ, на него се гледа како претседателот на Русија од еден специјалец со фантомка на главата зема пиштол и шаржер по што ладнокрвно и смирено почнува со пукањето…

Првиот човек на Русија и некогашен агент на КГБ пука од пиштол кој го конструирал Петар Ивановиќ Серџуков и кој важи за многу силно оружје.

Оние кои пукале со овој пиштол тврдат дека “добро му стои во раката“ и што е многу важно, тој е полн со самодоверба додека го прави тоа.

За тој пиштол направен е посебен куршум калибар 9.21 милиметри. На оддалеченост од 100 метри Серџуков пробива титан со дебелина од 1.4 милиметри или пак четири милиметри челик.

Со мала измена Серџуков може да користи муниција од TT 7.62 милиметри или куршуми од Макаров од 9 милиметри.