Прв пат се огласија од сплавот „Фристајлер“ по инцидентот

674

„Сплавот „Фристајлер“ нема да работи поради годишниот одмор и новонастанатата ситуација“, пишува на официјалната страница на овој клуб.

Тие се огласиле откако вчера следело апсењето на тројцата вработени во „Фристајлер“.

Да ве потсетиме, вчера беа уапсени менаџерот Д.В. (46), директорот М.Р. (51) и сопственикот којшто е грчки државјанин М.Л. (51).

Во акцијата учествувале полицијата и Третото основно обвинителство во Белград.

 

 

Тие се осомничени дека на 31 декември 2022 година на сплавот овозможиле присуство на поголем број лица отколку што бил капацитетот на овој објект којшто поради тоа со еден дел потонал и на тој начин ја загрозил безбедноста на поголем дел од луѓето, се наведува во соопштението на српското МВР.

Нив им било одредено полициско задржување, а утре ќе бидат сослушани во Обвинителството.

 

Да ве потсетиме, кога неколку минути по доаѓањето на 2023 година сплавот почнал да тоне, гостите и вработените почнале да бегаат, оставајќи ги своите работи зад себе.

За среќа во инцидентот нема повредени, а работите биле изнесени пред „Фристајлер“ и луѓето пошле таму да си ги побараат оние кои им припаѓаат. Меѓутоа, имало и такви кои зеле тоа што повеќе им се допаѓа, па така вистинските сопственици на тие работи останале без нив.