Лесен, класичен и едноставен: не можете да погрешите со овој фустан!
По неколкуте покачувања на температурите, изгледа конечно може да кажеме дека пролетта пристигна, а со тоа и моментот да ги извадиме од плакарот омилените фустани!
Со оглед на тоа што се’ уште е студено за сандали, пастелните бои ќе почекаат уште малку, но во овој период повторно ќе го носиме модниот хит кој се чини дека никогаш нема да излезе од мода – тексас фустаните!
Жените го обожаваат овој фустан затоа што е неверојатно практичен, како и тексас фармерките. Може да се носи со се’ и во секоја прилика.
Одлично оди со патики или балетанки за опуштени прошетки во градот, но и со потпетици за вечерно излегување или посвечена варијанта.
Во зависност од моделот и должината, тексас фустанот лесно може да се носи на работа. Се’ што треба да направите е да го прилагодите на вашиот стил и подготвени сте за секоја прилика.
Во продолжение, ви покажуваме уште неколку примери како можете да го носите тексас фустанот!















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















