Продуктот кој чини 20 денари, а ќе ви помогне за да не ви пукне ни едно јајце за Велигден

704

Наближува големиот христијански празник Велигден па затоа добро е да се прочитаат совети со кои оваа година ќе ги имате најубавите велигденски јајца и тоа без ниедна пукнатина. Како што на сите им е добро познато на Велики Четврток се вапцаат велигденските јајца. Се вапцаат прво црвени, па потоа јајца во други бои, а најголемиот проблем е кога ќе ви испукаат јајцата.

Она што можеби не сте го знаеле е дека бојата за јајца која ја купувате не мора да ја растварате само во вода. За таа цел ставете неколку лажици оцет.

Така, ниедно јајце нема да ви пукне.

Дополнителен совет со кој наместо да купувате боја испробајте природни варијанти за вашите јајца.

Покрај овошје и зеленчук, за бојосување на јајцата можете да користите и зачини. Дали сте знаеле дека со помош куркума можете да добиете прекрасна жолта нијанса? Еве и како: Потребни состојки (за три јајца): 2 супени лажици куркума, 7,5 дл вода, оцет, малку сол.

Приготвување: 1. Измешајте зачин, врела вода, лажица оцет и малку сол. 2. Претходно сварените јајца потопете ги во чинија со природна боја и оставете ги неколку часа да отстојат за да се впие бојата. 3. Потоа, извадете ги јајцата и натапкајте ги со марамче. 4. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло за да добијат поубав сјај.

Колку подолго стојат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде бојата. Целата постапка погледнете ја во видеото: