Пресврт: Фенербахче ќе извиси за Али Адем – вардаровиот бисер оди во Лисабон

130

Иако пред една недела турски медиуми најавија дека веќе извесната продажба на македонскиот бисер Елиф Елмас од Фенербахче во некој од европските гиганти ќе биде заменета со еден од најталентираните фудбалери на Вардар, Али Адем по се изгледа ќе се случи пресврт во последен момент за фудбалерот за врска и тој ќе замине во Лисабон.

Турски медиуми денеска објавија дека Али Адем е на чекор да потпише за Спортинг Лисабон, каде член е поранешното вардарово дете и актуелен репрезентативен десен бек Стефан Ристовски. Според информациите на турските медиуми, менаџерот на Али Адем, Рахман Кизце за една недела ќе замине во Португалија на завршни преговори со Спортинг.

Али Адем е капитен на младинскиот тим на Вардар, кој во минатиот месец го освои Купот на Македонија, а веќе година и половина тренира и повремено игра за првиот тим на црвено-црните. Но, поради тешката финансиска состојба во клубот и неисплатените плати повеќе од шест месеци одат во корист на сите заинтересирани клубови за да го ангажираат вардаровиот бисер и тоа практично бесплатно.

Единствено ќе мора да ја платат задолжителната тренинг-компензација, која би била до 200.000 евра, што за македонски услови и не се малку пари, но сооглед на потенцијалот сепак тоа е голема загуба за Вардар зашто во нормални околности најтрофениот наш клуб би можел да заработи многу повеќе од тоа што сега би го добил.