ПРЕДМЕТ СТАР 5.000 ГОДИНИ КОЈ КРИЕ ТАЈНА ЗА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА ПРОНАЈДЕН ВО КУТИЈА ЦИГАРИ: „СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ТОА ЌЕ ГО РАСВЕТЛИ СЛУЧАЈОТ“

144

Мистеријата на градењето на светското чудо е долга 5.000 години, но експертите велат дека таа конечно можеби ќе биде откриена.

Фрагменти од дрво од 5.000 години старата Кеопсова пирамида во Гиза случајно биле пронајдени во кутија од цигари на Универзитетот во Абердин, објавиле научниците од таа институција во средата.

„Се надеваме дека одамна изгубениот египетски артефакт ќе го расветли случајот на Кеопсовата пирамида“, пишува во официјалното соопштение.

Пронајденото парче дрво е дел од предметот кој што во 1872-та година во комората на пирамидата го пронашол археологот Вајнман Диксон.

Нил Куртис од музејот на археолошки збирки при Универзитетот во Абердин смета дека ова откритие без сомнение ќе го поттикне интересирањето за артефактите на Диксон и дополнително ќе го расветли начинот на кој е градена Големата пирамида.

„Големата или Кеопсова пирамида е висока 139 метри и изградена е пред 5.000 години. Таа е најголема во групата пирамиди во Гиза, најстара и единствено сочувана од седумте светски чуда на антиката“, наведува Куртис.